
Пристапни кодови
Дали сте се запрашале за што служат различните шифри на телефонот?
PIN код
(4-8 цифри)
Ова ја штити СИМ картичката од неовластена
употреба или е потребно за да пристапите до
некои функции.
Можете да го поставите телефонот да го
бара PIN кодот кога ќе го вклучите.
Ако не е доставен со картичката или ако го
заборавите кодот, обратете се до операторот
на мрежни услуги.
Ако трипати по ред внесете неправилен код,
треба да го деблокирате кодот со кодот PUK.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
107

PUK
Тој е потребен да се деблокира PIN код.
Ако не е доставен со СИМ картичката,
обратете се до операторот на мрежни услуги.
Безбедносен код (код за заклучување,
лозинка)
(минимално 4 цифри)
Ова ви помага да го заштитите телефонот од
неовластена употреба.
Можете да го поставите телефонот да го бара
кодот за заклучување што сте го дефинирале.
Чувајте го кодот на тајно и безбедно место,
одделно од телефонот.
Ако го заборавите кодот и телефонот е
заклучен, телефонот треба да се сервисира.
Може да се применат дополнителни трошоци
и сите лични податоци во телефонот може да
се избришат.
За повеќе информации, контактирајте со Nokia
Care или продавачот на телефонот.
IMEI
Ова се користи за идентификација на
важечките телефони во мрежата. Бројот може
да се користи за блокирање, на пример, на
украдени телефони. Можеби ќе треба да го
дадете бројот и на услугите на Nokia Care.
За да го видите бројот IMEI, бирајте *#06#.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
108