Поставување автоматско заклучување на телефонот
Сакате да го заштитите телефонот од неовластена употреба? Дефинирајте безбедносен код и
поставете го телефонот да се заклучува автоматски кога не го користите.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри > екран при заклучување.
2. Поставете го лозинка на Вклучено
и впишете го безбедносниот код (барем 4 цифри).
3. Допрете Потребна е лозинка по и дефинирајте го времето после кое телефонот се заклучува
автоматски.
Чувајте го безбедносниот код на тајно и безбедно место, одделно од телефонот. Ако го
заборавите безбедносниот код и не можете да го вратите, или премногу пати внесовте погрешен
код, телефонот треба да се сервисира. Може да се применат дополнителни трошоци и сите лични
податоци во телефонот може да се избришат. За повеќе информации, контактирајте со Nokia
Care или продавачот на телефонот.
Отклучување на телефонот
Притиснете го копчето за исклучување/вклучување, повлечете го екранот за заклучување
нагоре и впишете го безбедносниот код.