Nokia Lumia 520 - Наоѓање на изгубениот телефон

background image

Наоѓање на изгубениот телефон
Не знаете каде го оставивте телефонот или се плашите дека е украден? Користете најди го мојот

телефон за да го најдете телефонот и за да го заклучите или да ги избришете сите негови

податоци од далечина.
На телефонот треба да ја имате вашата сметка на Microsoft.
1. На компјутерот, одете до www.windowsphone.com.

2. Пријавете се со истата сметка на Microsoft како на телефонот.

3. Одберете најди го мојот телефон.
Можете да:
• го лоцирате телефонот на мапа,
• направите телефонот да ѕвони, дури и ако е вклучен тивкиот режим,
• го заклучите телефонот и да го поставите да прикажува порака за да ви го вратат,
• ги избришете сите негови податоци од далечина.
Достапните можности може да се разликуваат.