Nokia Lumia 520 - Решавање проблеми и поддршка

background image

Решавање проблеми и поддршка

Кога сакате да дознаете повеќе за телефонот или не сте сигурни како тој треба да работи, има

неколку канали за поддршка што можете да ги проверите.

За да ви помогне да го извлечете најдоброто од телефонот, во телефонот се наоѓа упатство за

корисникот со дополнителни упатства. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Nokia

Care.
Исто така, можете да одите до www.nokia.com/support, каде можете да најдете:

Информации за решавање проблеми

Дискусии

Вести за апликации и преземања

Информации за ажурирање на софтверот

Дополнителни детали за функциите и технологиите и компатибилноста на уредите и

додатоците

Решавањето проблеми и дискусиите може да не се достапни во сите јазици.
За видеа за поддршка, одете до www.youtube.com/NokiaSupportVideos.
Ако телефонот замрзне

Обидете се со следното:

Притиснете и задржете го копчето за јачина на звукот и копчето за вклучување/исклучување

во текот на 10 секунди. Телефонот се рестартира.

Ажурирајте го софтверот на телефонот.

Ресетирајте го телефонот. Ова ги враќа фабричките параметри и ја брише сета лична

содржина, вклучувајќи ги апликациите што сте ги купиле и преземале. На почетниот екран,

лизгајте налево и допрете Параметри > информации > ресетирај го телефонот.

Доколку прашањето останува нерешено, контактирајте со мрежниот провајдер на услуги или

Nokia за опции за поправање. Пред да го испратите телефонот на поправка, секогаш направете

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

109

background image

резервна копија од податоците затоа што може да се избришат сите лични податоци од

телефонот.

Совет: Ако треба да го идентификувате телефонот, за да го погледнете единствениот IMEI-

број на телефонот, бирајте *#06#.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

110