Nokia Lumia 520 - Копирање контакти

background image

Копирање контакти
Нека најблиските и најдрагите ви бидат секогаш на дофат. Користете ја апликацијата Transfer

my Data за лесно копирање на контактите од стариот телефон.

Совет: Ако имате постар уред на Windows Phone или претходно сте направиле резервна

копија од контактите во Windows Live, додадете ја вашата сметка на телефонот и увезете

ги на телефонот директно од услугата.

Стариот телефон треба да поддржува Bluetooth. Контактите на стариот телефон треба да се

зачувани во меморијата, а не на SIM картичката. Апликацијата не работи со сите модели на

телефони.
1. Вклучете го Bluetooth на стариот телефон.

2. На почетниот екран на новиот телефон, лизгајте налево и допрете Transfer my Data.

3. Допрете continue и вклучете Bluetooth.

4. Одберете го стариот телефон од листата со најдени уреди и следете ги упатствата на двата

телефони.
Ако контактите се напишани на јазик што не е поддржан од новиот телефон, информациите за

контакт може да не се прикажуваат правилно.