Вметнување на СИМ-картичката
Продолжете да читате за да дознаете како да ја вметнете СИМ-картичката во телефонот.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со мини-UICC SIM-картичка, исто така
позната како микро-SIM картичка. Микро-SIM картичката е помала од стандардната SIM-
картичка. Употребата на некомпатибилни SIM-картички или употребата на адаптери за SIM-
картички може да ја оштети картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се
зачувани на картичката.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
7
Забелешка: Исклучете го уредот и отстранете го полначот и кој било друг уред пред да
отстраните кои било капаци. Избегнувајте допирање на електронските делови при промена
на кои било капаци. Секогаш чувајте и употребувајте го уредот со сите поставени капаци.
Осигурете се дека телефонот е исклучен.
1. На горниот раб на телефонот, ставете го ноктот од показалецот во жлебот помеѓу рамката на
екранот и задниот капак. Притиснете ја средината на задниот капак и извијте го капакот за да ги
откачите горните куки. Отстранете го капакот.
Не користете остри алатки, бидејќи тие може да го оштетат екранот.
2. Ако батеријата е внатре, отстранете ја.
3. Притиснете ја СИМ-картичката во отворот за СИМ додека не влезе целосно. Осигурете се дека
областа за контакт е свртена надолу.
4. Подредете ги контактите на батеријата и заменете ја.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
8
5. Притиснете го долниот раб на задниот капак на долниот раб на телефонот.
6. Притиснете ја задната страна на капакот додека не влезе на место. Не притискајте ги
копчињата додека го местите капакот.