Nokia Lumia 520 - Споделување на фотографиите и документите помеѓу уреди

background image

Споделување на фотографиите и документите помеѓу уреди
Со SkyDrive можете лесно да пристапите до вашите фотографии, документи и други содржини

што сте ги поставиле од вашите уреди.
Кога поставувате фотографии, документи или други содржини што се зачувани на вашиот

телефон, таблет или компјутер на SkyDrive, треба да се пријавите на сметката на Microsoft. За да

пристапите до поставената содржина на друг уред, треба да се пријавите со истата сметка на

Microsoft што била користена при поставувањето на содржината.
За поставите или преземете содржина потребно ви е поврзување на интернет. Доколку немате

пакет за пренос на податоци, трошоците за пренос на податоци можат брзо да се зголемат. За

информации околу можните трошоци за податоци, обратете се до мрежниот оператор на услуги.
Има неколку места каде можете да пристапите до вашите содржини на SkyDrive. На телефонот,

можете да ги проверите фотографиите и видеата во центарот Фотографии или да ги отворите

документите на Office во центарот Office. Можете да ја преземете апликацијата SkyDrive од

Продавница за да гледате и управувате со сите видови на датотеки на телефонот.
На вашиот таблет или компјутер, можете или да управувате со содржините на интернет во

www.skydrive.com или можете да ја користите апликацијата SkyDrive за да пристапите до

SkyDrive директно од работната површина. Ако сè уште ја немате апликацијата SkyDrive, истата

можете да ја преземете и инсталирате од www.skydrive.com.

Совет: Со апликацијата SkyDrive на компјутерот, можете едноставно да ги повлечете и

испуштите датотеките што сакате да ги поставите во папката SkyDrive во управувањето со

датотеки, како на пример Windows Explorer или Finder и датотеките се автоматски поставени

на SkyDrive.