Nokia Lumia 520 - SkyDrive

background image

SkyDrive

Зачувајте ги содржините во облак. Не треба да се грижите за ослободување на меморија за

омилените или нови апликации.

SkyDrive е склад во облак за сите ваши документи и фотографии, за да можете да пристапите до

нив, да ги споделите или вратите ако е потребно. Исто така можете да ја поставите апликацијата

автоматски да прави резервна копија од вашите содржини, па кога ќе снимите фотографија или

видео, тие се копирани во албумите во облакот.
Со SkyDrive можете да пристапувате до вашите фотографии, документи и повеќе, од вашиот

телефон, таблет или компјутер. Во зависност од апликацијата, можете дури и да продолжите да

работите на одреден документ од местото каде што сте прекинале.
Има неколку места каде можете да пристапите до вашите содржини на SkyDrive. Можете да

зачувате фотографии на SkyDrive во центарот Фотографии или да управувате со канцелариските

документи во центарот Office.

Совет: За лесно да управувате со содржините во облак користејќи го телефонот, можете

да ја преземете апликацијата SkyDrive од Продавница.