
Продолжување на животниот век на батеријата
Најдете рамнотежа помеѓу извлекувањето на најдоброто од телефонот додека го одржувате
саканиот животен век на батеријата. Постојат мерки што можете да ги преземете за да ја
заштедите батеријата.
• Секогаш наполнете ја батеријата целосно.
• Исклучете ги непотребните звуци, како звуци при притискање на копче.
• Користете жични слушалки наместо звучникот.
• Затворете ги сите апликации што не ги користите. За да ги затворите повеќето апликации,
притиснете .
• Некои апликации може бескорисно да работат во заднината. На почетниот екран, лизгајте
налево, допрете Параметри, лизгајте до апликации и допрете задачи во заднина. Допрете
ја апликацијата што сакате да ја блокирате и допрете блокирај.
Совет: Исто така, можете да го поставите телефонот автоматски да штеди енергија кога
нивото на батеријата е ниско. За да ја проверите состојбата на батеријата и да ја поставите
во режим на штедење, на почетниот екран лизгајте налево и допрете Параметри >
штедач на батерија.
Кога телефонот ќе влезе во режи на штедење енергија нема да можете да ги промените
параметрите на сите апликации.
Совет: Можете да изберете кога сакате да се вклучи режимот за штедење енергија. Допрете
напредно.
За да зачувате енергија можете да го направите и следното:
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
32

Поставете го екранот на телефонот
да се исклучи по краток временски
период
На почетниот екран, лизгајте налево и допрете
Параметри > екран при заклучување > Исклучување
на екранот по.
Намалување на осветленоста на
екранот
На почетниот екран, лизгајте налево и допрете
Параметри > осветленост. Поставете го Автоматски
приспособи на Исклучено
и одберете го саканото
ниво.
Користете избрани поврзувања на
мрежа:
• Поставете го телефонот поретко да проверува за
нова е-пошта или да проверува само на барање. Во
секое поштенско сандаче што го имате, допрете
> параметри > синхронизирај параметри и
променете го параметарот за Преземање нова
содржина.
• Вклучете Bluetooth само кога е потребно.
• Користете поврзување со Wi-Fi за да се поврзете на
интернет наместо поврзување со мобилни
податоци.
• Спречете го телефонот да бара достапни безжични
мрежи. На почетниот екран, лизгајте налево и
допрете Параметри > Wi-Fi и поставете го Wi-Fi
мрежи на Исклучено
.
• Спречете го телефонот да се поврзува на игри. На
почетниот екран, лизгајте налево и допрете
Параметри, лизгајте до апликации, допрете игри и
исклучете ги сите релевантни параметри.
• Ако слушате музика или на друг начин го користите
телефонот, но не сакате да остварувате или примате
повици, вклучете авионски режим.