Наоѓање на вашиот пат во трговски центар
Нема веќе талкање во трговскиот центар, барајќи одредена продавница. HERE Maps може да ве
води низ трговски центри што се како лавиринт и низ други големи згради.
На почетниот екран, лизгајте налево и допрете HERE Maps.
За да ја користите оваа функција, мора да е достапна функцијата мапа на објект. Функцијата мапа
на објект може да не е достапна во сите земји или региони или за сите згради.
1. Кога зградата ќе се појави на мапата, зумирајте додека не ги видите деловите од зградата (на
пример, продавниците во трговскиот центар).
2. Допрете ја зградата.
Совет: За да ги видите информациите за одредена локација во зградата, како што е некоја
продавница, допрете ја локацијата, а потоа прозорчето со информации.
3. За да видите друг кат од зградата, лизгајте нагоре или надолу на бројот на катот, што се наоѓа
десно на мапата.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
76
Наоѓање одредени места во зграда
Допрете ја зградата и лизгајте нагоре од дното на екранот. Допрете прикажи категории и
изберете категорија.
Наоѓање одредено место во зграда
Допрете ја зградата и лизгајте нагоре од дното на екранот. Лизгајте налево до директориум и
допрете .