Методи на позиционирање
Телефонот ја покажува вашата локација на мапата користејќи позиционирање врз основа на GPS,
GLONASS, A-GPS, Wi-Fi или мрежа (идентификација на ќелија).
Достапноста, прецизноста и потполноста на информациите за локација зависат од, на пример,
локацијата, опкружувањето и изворите на трети лица. Информациите може да се ограничени.
Информациите за локација може да не се достапни, на пример, во внатрешноста на згради или
под земја. За информациите за приватност поврзани со начините на позиционирање, погледнете
во политиката за приватност на Nokia.
Мрежната услуга Assisted GPS (A-GPS) и другите слични подобрувања на GPS и Glonass добиваат
информации за локација користејќи ја мобилната мрежа и помагаат при пресметувањето на
тековната локација.
A-GPS и други подобрувања на GPS и GLONASS можеби им е потребно пренос на мала количина
на податоци преку клеточна мрежа. Доколку сакате да избегнете трошоци на податоци, на
пример додека патувате, можете да го исклучите мобилното поврзување на податоци во
параметрите на телефонот.
Wi-Fi позиционирањето ја подобрува прецизноста на позиционирање кога сателитските сигнали
не се достапни, особено кога сте во затворен простор или помеѓу високи згради. Доколку сте во
место каде употребата на Wi-Fi е ограничена, можете да ја исклучите Wi-Fi во параметрите на
телефонот.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
79
Мерачот на патот може да биде неточен, во зависност од достапноста и квалитетот на
сателитското поврзување.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
80