Nokia Lumia 520 - Додавање поштенско сандаче

background image

Додавање поштенско сандаче
Дали користите различни адреси за е-пошта за бизнис или разонода? Можете да додавате

неколку поштенски сандачиња на телефонот.
За да поставите сметка за е-пошта на телефонот, потребно е да бидете поврзани на интернет.
Доколку не се пријавивте на сметката на Microsoft за време на првото вклучување, можете тоа

да го сторите сега. Кога додавате сметка на Microsoft на телефонот, автоматски е додадена

сметка за е-пошта.
1. На почетниот екран, допрете .

2. Допрете сметка и напишете го корисничкото име и лозинка.

Совет: За да додадете работна е-пошта, контакти и календар на телефонот, користете

напредни поставки. Напишете го корисничкото име и лозинката, допрете Exchange

ActiveSync и впишете ги бараните детали.

3. Допрете пријави се.

Совет: Во зависност од сметката за е-пошта, исто така, можете да синхронизирате и други

ставки покрај е-поштата на телефонот, како што се контакти и календар.

Доколку телефонот не ги пронаоѓа параметрите на сметката за е-пошта, можете да користите

напредни поставки. За ова потребно е да го знаете видот на сметката за е-пошта и адресата на

дојдовните и појдовните сервери за пошта. Овие информации можете да ги добиете од

операторот за услуги за е-пошта.
За да дознаете повеќе околу параметри на различни сметки за е-пошта, погледнете го делот

Како-да на www.windowsphone.com.
Додавање поштенско сандаче подоцна

Во поштенското сандаче, допрете

> додај сметка на е-пошта и сметка и пријавете се.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

59