Microsoft Office Mobile
Microsoft Office Mobile е вашиот излез од канцеларија.
Одете до Office центарот за да креирате и менувате Word документи и Excel работни листа, да
отворате и прикажувате PowerPoint презентации и да споделувате документи со SharePoint.
Исто така, можете да ги зачувувате документите на Windows SkyDrive. SkyDrive е складирање во
облак што можете да го користите за да пристапите до документите од телефонот, таблетот,
компјутерот или од Xbox. Кога ќе престанете да работите на некој документ и сакате да се
вратите на истиот подоцна, ќе бидете на истото место каде што сте го оставиле, без разлика кој
уред го користите.
Microsoft Office Mobile се состои од следното:
• Microsoft Word Mobile
• Microsoft Excel Mobile
• Microsoft PowerPoint Mobile
• Microsoft SharePoint Workspace Mobile
• Windows SkyDrive