Nokia Lumia 520 - Фотографирање

background image

Фотографирање

Правете остри и живописни фотографии. Фотографирајте ги најдобрите моменти за албумот со

фотографии.
1. За да ја отворите камерата, притиснете го копчето за камера.

2. За да зумирате или одзумирате, ставете два прста на екранот и лизгајте ги прстите еден кон

друг или оддалечете ги еден од друг.

3. За да фокусирате, притиснете и задржете го копчето за камера на половина пат надолу.

Фокусот е заклучен кога белиот правоаголник ќе престане да трепка.

4. За да ја направите фотографијата, притиснете го копчето за камера целосно надолу.
За да ја видите фотографијата која тукушто сте ја направиле, лизгајте надесно. Фотографиите

се зачувани во Филмска лента во центарот Фотографии.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

65

background image

Фотографирање без користење на копчето за камера

Ако е потребно, вклучете го фотографирањето со допир во параметрите на камерата. На

почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри. Лизгајте до апликации и допрете

фотографии+камера > Допрете го екранот за да снимате фотографии и видеа.

За да фокусирате на одреден предмет или простор, допрете го предметот или просторот на

екранот. Задржете го телефонот мирно додека белиот квадрат не престане да трепка.