Nokia Lumia 520 - Прикажување фотографии

background image

Прикажување фотографии
Оживејте ги важните моменти - гледајте ги фотографиите на Вашиот телефон.
Допрете Фотографии.
1. За да ја видите фотографија што сте ја направиле, допрете Филмска лента и фотографијата.

2. За да ја видите следната фотографија, лизгајте лево. За да ја видите претходната фотографија,

лизгајте десно.
Зумирање или одзумирање

Ставете два прста на екранот и лизгајте ги прстите спојувајќи ги или оддалечувајќи ги еден од

друг.

Совет: За брзо да зумирате или одзумирате, допрете ја фотографијата двапати.