Упатување итен повик
1. Осигурете се дека телефонот е вклучен.
2. Проверете дали постои соодветна јачина на сигналот.
Можеби ќе биде потребно да го направите следното:
•
Ставете SIM-картичка во уредот.
•
Исклучете ги ограничувањата на повици на Вашиот телефон, како што се забрана на повик, фиксно бирање или
затворена корисничка група.
•
Осигурете се дека авионски режим не е вклучен.
•
Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.
3. Притиснете .
4. Одберете .
5. Одберете .
6. Впишете го официјалниот број за итни случаи за вашата моментална локација. Итните броеви за повикување се
разликуваат според локацијата.
7. Одберете повикај.
8. Соопштете ги сите неопходни информации што е можно попрецизно. Не прекинувајте го повикот додека не добиете
дозвола за тоа.
Кога ќе го вклучите телефонот за првпат, ќе ви биде побарано да создадете сметка на Microsoft и да го поставите
телефонот. За да остварите итен повик за време на поставувањето на сметката и телефонот, допрете итен повик.
Важно: Активирајте ги и мобилните и интернет повиците, ако телефонот поддржува интернет повици. Телефонот
може да се обиде да оствари итни повици и преку мобилните мрежи и преку операторот на интернет повици. Не
може да се гарантираат поврзувања во сите услови. Никогаш не потпирајте се само на кој и да е безжичен телефон
за важни разговори како што се итни медицински случаи.