Пораки за поддршка од Nokia
За да ви помогнеме да го извлечете најдоброто од телефонот и од услугите, можеби ќе примате пораки од Nokia. Пораките
може да содржат совети и трикови. Наменети се за поддршка. За да се обезбеди услугата опишана погоре, кога за првпат
го користите телефонот, до Nokia може да се испратат вашиот телефонски број, серискиот број на телефонот и некои
идентификатори за мобилната претплата. Овие информации може да се користат во согласност со политиката за
приватност, достапна на www.nokia.com.