Nokia Lumia 520 - Безбедност на батеријата и полначот

background image

Безбедност на батеријата и полначот

Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните батеријата. За да го отстраните полначот

или некој додаток, фатете и повлечете го приклучокот, а не кабелот.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

112

background image

Кога полначот не се користи, исклучете го. Ако не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење

со текот на времето.
Секогаш чувајте ја батеријата помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F). Екстремните температури го намалуваат капацитетот и

животниот век на батеријата. Уредот со жешка или ладна батерија може привремено да не работи.
Случаен краток спој може да се случи кога некој метален предмет ќе ги допре металните ленти на батеријата. Ова може

да ја оштети батеријата или другиот објект.
Не фрлајте ги батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Почитувајте ги локалните регулативи. Рециклирајте кога

е можно. Не фрлајте ја како отпад од домаќинството.
Не ја растурајте, сечете, кршете, виткајте, пробивајте и никако не оштетувајте ја батеријата. Доколку батеријата истекува,

спречете контакт на течноста со кожата или очите. Доколку тоа се случи, веднаш исплакнете ги опфатените области со

вода, или побарајте медицинска помош. Не ја модифицирајте, не се обидувајте да вметнете туѓи објекти во батеријата и

не потопувајте ја и не изложувајте ја на вода или на други течности. Батериите можат да експлодираат ако се оштетат.
Користете ги батеријата и полначот само за наменетата цел. Несоодветното користење или користењето на неодобрени

или некомпатибилни батерии или полначи може да претставува ризик од пожар, експлозија или други опасности и може

да го поништи одобрението или гаранцијата. Ако сметате дека батеријата или полначот се оштетени, однесете ги во

сервисен центар пред да продолжите да ги користите. Никогаш не користете оштетена батерија или полнач. Полначот

користете го исклучиво во затворен простор.