Nokia Lumia 520 - Работна околина

background image

Работна околина

Овој уред е во согласност со упатствата за изложување на радиобранови во нормална позиција на користење на увото или

најмалку 1,5 сантиметри (5/8 инчи) оддалеченост од телото. Каква било футрола за носење, спојувалка за ремен или држач

при функционирањето на телефон што се носи на тело не треба да содржат метал и треба да го постават уредот на погоре

наведената оддалеченост од вашето тело.
Испраќањето на датотеки со податоци или пораки бара квалитетно мрежно поврзување и може да биде одложен додека

не се воспостави таква врска. Следете ги упатствата за растојанието на оддалеченост се додека испраќањето не заврши.
Некои делови од уредот се магнетни. Металните материјали може да бидат привлечени кон уредот. Не ставајте кредитни

картички или други магнетни медиуми за чување на податоци блиску до уредот, бидејќи информациите што се зачувани

на нив може да бидат избришани.