Nokia Lumia 520 - Информации за сертификација (SAR)

background image

Информации за сертификација (SAR)

Овој мобилен уред е во согласност со упатствата за изложување на радиобранови.
Вашиот мобилен уред е радиопредавател и примател. Тој е дизајниран да не ги надмине ограничувањата за изложување

на радиобранови препорачани со меѓународните упатства. Упатствата се развиени од независната научна организација

ICNIRP и вклучуваат безбедносни граници поставени за да се осигури безбедноста на сите лица, без оглед на возраста и

здравјето.
Упатствата за изложување кај мобилните уреди користи единица мерка позната како Специфична апсорпциона стапка

или SAR. Ограничувањето за SAR наведено во упатствата на ICNIRP е 2,0 вати/килограм (W/kg) во просек на 10 грама ткиво.

Тестовите за SAR се изведуваат со користење стандардни оперативни позиции при што уредот предава на највисокото

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

114

background image

сертифицирано ниво на енергија во сите тестирани фреквенциски должини. Вистинското ниво на SAR на уред кој работи

може да биде под максималната вредност бидејќи уредот е дизајниран да ја користи само енергијата потребна да се допре

до мрежата. Таа количина се менува во зависност од бројни фактори како што е колку блиски сте до мрежната базна

станица.
Највисоката дозволена вредност на SAR кога уредот се употребува на уво според ICNIRP е 1,09 W/kg. Употребата на

додатоци за уредот може да резултира со различни вредности на SAR. Вредностите на SAR може да се разликуваат во

зависност од националните барања за известување и тестирање и од брановата должина на мрежата. Дополнителни

информации за SAR може да се најдат под информациите за производот на www.nokia.com.