Заштита на Вашиот уред од штетни содржини
Вашиот уред може да биде изложен на вируси и други штетни содржини. Преземете ги следните мерки на претпазливост:
•
Бидете внимателни при отварање на пораките. Тие може да содржат штетен софтвер или на друг начин да бидат
штетни за Вашиот уред или компјутер.
•
Бидете внимателни кога прифаќате барања за поврзување, пребарувате интернет или преземате содржини. Не
прифаќајте Bluetooth поврзување од извори на кои не им верувате.
•
Инсталирајте и користете само услуги и софтвер од извори на кои им верувате и кои нудат адекватна сигурност и
заштита.
•
Инсталирајте антивирусен и друг безбедносен софтвер на Вашиот уред и кој било поврзан компјутер. Користете само
една антивирусна апликација во исто време. Едновремено користење на повеќе антивирусни програми може да влијае
врз резултатите и работењето на уредот и/или компјутерот.
•
Доколку пристапувате до претходно инсталирани зачувани линкови и линкови до интернет страници на трети страни,
преземете соодветни мерки на претпазливост. Nokia не ги поддржува ниту пак презема која и да е одговорност за
таквите страници.