Грижа за уредот
Внимателно ракувајте со уредот, батеријата, полначот и додатоците. Следниве предлози ви помагаат да го одржувате
уредот.
•
Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага може да содржат минерали што
предизвикуваат корозија на електронските кола. Ако уредот се навлажни, отстранете ја батеријата и оставете уредот
да се исуши.
•
Не користете го и не чувајте го уредот во прашливи или нечисти места.
•
Не чувајте го уредот на високи температури. Високите температури може да го оштетат уредот или батеријата.
•
Не чувајте го уредот на студени температури. Кога уредот ќе се затопли на својата нормална температура, во
внатрешноста на уредот може да се формира влага и да го оштети.
•
Не отворајте го уредот на друг начин освен како што е наведено во упатството за корисникот.
•
Неодобрените модификации може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радиоуреди.
•
Не испуштајте го, не удирајте го и не тресете го уредот. Грубото ракување може да го скрши.
•
Користете само нежно, чисто, суво платно за да ја исчистите површината на уредот.
•
Не обојувајте го уредот. Бојата може да пречи правилна работа.
•
За оптимални перформанси, исклучете го уредот и отстранете ја батеријата одвреме-навреме.
•
Држете го уредот настрана од магнети или магнетни полиња.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
111
•
За да ја сочувате безбедноста на вашите важни податоци, чувајте ги на најмалку две посебни места, како што се уредот,
мемориската картичка или компјутер, или запишете ги важните информации.
За време на продолжена работа, уредот може да се загрее. Во повеќето случаи, ова е нормално. За да избегне прегревање,
уредот може автоматски да ја забави работата, да затвори апликации, да го исклучи полнењето или ако е потребно, да се
исклучи. Ако уредот не работи правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.
Рециклирање
Секогаш вратете ги искористените електронски производи, батерии и материјали за пакување на назначени места за
собирање. На овој начин помагате во спречувањето на неконтролираното фрлање на отпадоци и го промовирате
рециклирањето на материјали. Сите материјали на уредот можат да се искористат како материјали и енергија. Проверете
како да ги рециклирате вашите производи на Nokia на www.nokia.com/recycle.
Симбол на прецртана корпа за отпадоци
Симболот на пречкртана корпа за отпадоци на вашиот производ, батерија, литература или пакување ве потсетува дека
сите електрични или електронски производи и батерии мора да се однесат на одредено место за собирање на крајот од
нивниот работен век. Не фрлајте ги овие производи како несортиран општински отпад: однесете ги на рециклирање. За
информации за најблиските места за рециклирање, проверете кај локалниот власти за управување со отпад или отидете
на www.nokia.com/support. За повеќе информации за еколошките својства на уредот, погледнете на www.nokia.com/
ecoprofile.