Поврзување на компјутерот на интернет
Сакате да користите интернет на лаптопот, но немате пристап? Можете да го користите
поврзувањето со мобилни податоци на телефонот со лаптопот или други уреди. Се создава
поврзување со Wi-Fi.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри > интернет споделување.
2. Поставете го Споделување на Вклучено.
3. За да го промените името на поврзувањето, допрете поставување > Име на емитувањето и
напишете име.
Совет: Можете да внесете и лозинка за поврзувањето.
4. Одберете го поврзувањето на другиот уред.
Другиот уред користи податоци од вашиот план, ова може да доведе до трошоци за пренос на
податоци. За информации за достапност и цени, контактирајте со мрежниот оператор на услуги.