Дефинирање интернет конекции
Дали Вашиот мрежен оператор на услуги Ви наплаќа фиксна тарифа за пренос на податоци или
пак плаќањето е врз база на користењето? Променете ги прилагодувањата на Wi-Fi и мобилните
податоци за да ги намалите Вашите трошоци на податоци додека сте во роаминг и дома.
Важно: Користете шифрирање за да ја зголемите безбедноста на поврзувањето со Wi-Fi.
Користењето на шифрирање го намалува ризикот за пристап до вашите податоци од страна
на други лица.
Користењето на поврзување со Wi-Fi е обично побрзо и поевтино отколку користење на
поврзување со мобилни податоци. Ако се достапни и поврзување со Wi-Fi и поврзување со
мобилни податоци, телефонот го користи поврзувањето со Wi-Fi.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри > Wi-Fi.
2. Осигурете се дека Wi-Fi мрежи е поставено на Вклучено
.
3. Одберете го поврзувањето што сакате да го користите.
Користење мобилно поврзување на податоци
На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Параметри > мобилна мрежа и поставете го
Поврзување со податоци на вклучено.
Користење мобилно поврзување на податоци во роаминг
Поврзување на интернет преку роаминг, особено кога сте во странство, може значително да ги
зголеми трошоците за пренос на податоци.
Роаминг на податоци значи користење на телефонот за примање податоци преку мрежи кои
вашиот оператор на услуги не ги поседува или не управува со нив.
© 2013 Nokia. Сите права се задржани.
81
На почетниот екран, лизгајте налево, допрете Параметри > мобилна мрежа и поставете го
Опции при роаминг на податоци на роаминг.