Nokia Lumia 520 - Преземање музика од Nokia Музика

background image

Преземање музика од Nokia Музика
Останете во ритам и преземете ја омилената музика од Nokia Музика.
1. На почетниот екран, лизгајте налево и допрете Nokia музика.

2. Побарајте ја песната или албумот што сакате да го преземете.

3. Допрете ја цената на песната или албумот. Некои песни може да се преземаат само како дел

од албум.

4. Доколку сте прашани, пријавете се во сметката на Nokia.

5. Одберете начин на плаќање.
Песните се зачувани во телефонот и автоматски се додадени во музичката колекција.

Совет: Каде е достапно, користете поврзување со Wi-Fi за преземање музика од Nokia

Музика. За дополнителни упатства како да се поврзете на интернет погледнете во

упатството за корисникот.

Преземањето и репродукцијата на музика и други содржини може да вклучи пренос на огромни

количества на податоци преку мрежата на операторот на услуги. За информации во врска со

наплаќањето за преносот на податоци, контактирајте го операторот на мрежни услуги.
Целокупната интелектуална сопственост и другите права во и на песните припаѓаат и се изречно

резервирани за лиценцори на трети лица, како релевантна издавачка куќа или изведувач, автор,

композитор или издавач. Ќе имате право да ја користите само музиката што е преземена или

репродуцирана од Nokia Музика во согласност со ограничувањата за употреба што се однесуваат

на тоа одредено музичко дело, како што се поставени во делот „Права“ на страната на

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

88

background image

производот на Nokia Музика. Музиката што е купена од други извори мора да се користи во

согласност со условите на тоа купување. Вие сте одговорни за вашето почитување на

применливата интелектуална сопственост и другите права за музиката што ја користите.