Nokia Lumia 520 - Безбедност

background image

Безбедност

Прочитајте ги едноставниве упатства. Непридржувањето кон нив може да биде опасно или

незаконски.

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ВО ОБЛАСТИ СО ОГРАНИЧУВАЊА
Исклучете го телефонот кога употребата на безжичен телефон не е дозволена или кога

тој може да предизвика пречки или опасност, на пример во авион, болница или во близина

на медицинска опрема, горива, хемикалии или во области на минирање. Почитувајте ги упатства

во ограничените области..

БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТОТ Е НА ПРВО МЕСТО
Почитувајте ги сите локални закони. Рацете секогаш да ви бидат слободни за управување

со возилото кога возите. Најважната работа додека возите треба да ви биде безбедноста

на патот.

ПРЕЧКИ
Кај сите безжични уреди може да се јават пречки, кои може да влијаат на нивната работа.
КВАЛИФИКУВАН СЕРВИС
Само квалификувани лица може да го инсталираат или поправаат овој производ.
БАТЕРИИ, ПОЛНАЧИ И ДРУГИ ДОДАТОЦИ
Употребувајте само батерии, полначи и други додатоци одобрени од Nokia за користење

со уредов. Полначите од трети лица што се во согласност со стандардот IEC/EN 62684 и

што може да се поврзат со уредот преку микро-USB конекторот, може да се компатибилни. Не

поврзувајте некомпатибилни производи.

ДРЖЕТЕ ГО УРЕДОТ СУВ
Уредот не е водоотпорен. Чувајте го сув.
СТАКЛЕНИ ДЕЛОВИ
Екранот на уредот е стаклен. Стаклото може да се скрши ако уредот се испушти на тврда

површина или ако прими силен удар. Ако стаклото се скрши, не ги допирајте стаклените

делови на уредот и не се обидувајте да го отстраните скршеното стакло од уредот. Престанете

да го користите уредот се додека стаклото не се замени од квалификувани сервисери.

ЗАШТИТЕТЕ ГО СВОЈОТ СЛУХ
За да го спречите можното оштетување на слухот, не слушајте на високо ниво на гласност

подолг период. Внимавајте кога го држите уредот блиску до увото додека звучникот е во

употреба.

© 2013 Nokia. Сите права се задржани.

5